
Францускиот леб се сече на 3 дела. Oтстранете ја средината, ситно исецкајте ја, и измешајте ја со останатите состојки. Кога смесата ќе се соедини, се полнат векните. Секоја посебно се замотува во фолија и се става во замрзнувач да се стегне. Потоа се одмотува и се сече како ролат.
Потребни состојки
1 француски леб
3 – 4 сецкани кисели краставички
2 – 3 сецкани варени моркови
2 конзерви туна, изцедена од маслото
1 маргарин, разматен
2 лажички сенф
малку макдонос
сол и бибер по вкус