Сварените компири испасирајте ги како за пире. Кога малку ќе се изладат додате им ги шеќерот во прав, ванилата и кокосот. Смесата убаво промешајте ја и оставете да се излади. Потоа правете топчиња, при тоа ставајќи лешник во внатрешноста. На крајот топчињата извалкајте ги во кокос или растопено бело чоколадо. Важно е да се напомене дека овие бомбици се служат барем три дена по нивното спремање, со цел да се исушат убаво.
Потребни состојки
3 варени компири, средна големниа
150 гр шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
250 гр кокос
лешници