Русија и Кина одлучиле да го отфрлат доларот и да ги употребат своите валути во меѓусебната трговска размена, соопштиле во Санкт Петерсбург Рускиот премиер Владимир Путин и неговиот колега од Кина Вен Џиабо.
Кинеските експерти, како што денеска објавува весникот “Чајна дејли“, велат дека овој потег ги одразува блиските односи меѓу Пекинг и Москва и дека не насочен против доларот туку целата е заштита на домашната економија.
“Во трговската размена одлучивме да ги користиме нашите валути“, изјавил Путин. Двете земји досега користеа други валути, најчесто американскиот долар.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk