Русија се приклучи кон Кина во бојкотот против Нобеловата награда за мир и церемонијата во чест на кинескиот затвореник дисидент Liu Xiaobo наредниот месец.
Норвешкиот Нобелов комитет, рекол дека може и нема да се одржува церомонијата бидејќи Кина вршела притисок на земјите да не присуствуваат, и да се спречи патувањето на Лиу или на било кој член од неговата фамилија да ја прими наградата. Ако се слуши ова, ќе биде прв пат наградата да не биде доделена од далечната 1936 година, кога нацистите му забранија на новинарот пацифист Carl von Ossietzky да ја напушти Герминија. Директорот Geir Lundestad на Нобеловиот институт изјави дека до денеска, 36 земји ја прифатиле поканата, 16 не одговориле, а 6 земји (Кина, Русија, Мароко, Казакстан, Куба и Ирак) одбиле да присуствуаат. Кинеската амбасада во Осло, испратила писма до другите амбасади на земјите со порака тие да се воздржат од присуството на церемонијата. Покрај предупредувањата повеќето западни земји како Велика Британија, САД, Франција и Германија го потврдија нивното присуство. Добитникот Лиу, се наоѓа на издржување 11 години затворска казна, поради своите демократски залагања за човекови права и слободи, во еднопартиската комунистичка Кина. Според pravilata na норвешкиот Нобелов комитет правила,златен медал и 1.400.000 долари е наградата која треба да се додели на победникот, г-динот Лиу, или близок член од неговото семејството.