Сеул поставува џиновска светлечка новогодишна елка на границата со Северна Кореја

slobodan20 декември, 20101min00
templesq_0702

Јужна Кореја, чија армија е во висока состојба на приправност поради можен изненадувачки напад од Северна Кореја, најави дека денеска ќе подигне џиновска новогодишна елка на границата со својот северен сосед, јави АП, пренесува Нетпрес. Како што утринава официјални претставници во Сеул најавиле, дрвото ќе биде високо 30 метри и ќе биде поставено на само три километра од немирната гранична линија. Новогодишната елка ќе биде многу осветлена, така што ќе може да ја видат и жителите на пограничните места во Северна Кореја, а станува збор за пракса која Сеул ја сопре пред седум години, кога двете земји престанаа со повеќедецениската пропагандна војна на границата. Јужна Кореја вчера на островот Јеонпјеонг кај спорната поморска граница во Жолтото море изведе воена вежба и боево гаѓање за кои Северна Кореја соопшти дека, ако бидат одржани, ќе предизвикаат “експлозија“ на поделениот полуостров. Но, маневрите се одржаа, а даобија само осуда од Пјонгјанг. Воената команда на Северна Кореја, пак, во своето последно соопштение, оцени дека “воената провокација“ на Јужна Кореја, “не била вренда за регирање“. Во меѓувреме, јужнокорејската државна новинска агенција, повикувајќи се на неименуван воен извор во Сеул, јави дека Северна Кореја не покажува знаци на повлекување и дека нејзините СА-2 проектили земја-воздух и земја-море и понатака се распоредени на западната територија.
Јужнокорејската воена авијација продолжува да патролира на небото, а разорувачите во морето се подготвени да возвратат на било каква провокација, соопшти министерството за одбрана во Сеул. Според зборовите на портпаролот на минстерството за одбрана на Јужна Кореја, тоа што Северна Кореја не одговорила на воените маневри на Јеонпјеонг, не значи дека се повлекла. Портпаролот, кој побарал од медиумите да не му се споменува името, укажал дека Северна Кореја би можела да посегне по “ненадејни напади“.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma