Славната актерка Шарлиз Терон за 20.000 долари се “продала“ за една ноќ. Продажбата била направена на хуманитарна акција за помош на Африканците заболени од АИДС. Нејзината организација “Africa Outreach Project“ во Њујорк продавала билети за кошаркарскиот натпревар на Лејкерси. Актерката за да добие повисока цена во едем момент се понудила и самата. Терон на тој што понудил најмногу пари му ветила незаборавна вечер и прилика да ја однесе на натпреварот, пишуваат таблоидите.
Извор: Нетпрес