Кланот на српскиот наркобос Дарко Шариќ, во бизнисот со кокаин, успеал од пазарот да ја потисне и најмоќната калабријска мафијашка организација “Н’дрангета“, а на тоа укажуваат податоци врз основа на кои во Италија е покренато продолжение на полициската акција “Балкански воин“, во рамки на која минатата ноќ се уапсени повеќе од 80 лица, и тоа по налог на италијанската Дирекција за борба против мафијата, пишува весникот “Блиц“, пренесува Нетпрес. Според објавеното, на налог за приведување доставен до црногорската полиција, се нашле имињата на Дарко Шариќ и на Горан Соковиќ, но и двајцата се на слобода, а приведувања на осомничени биле истовремено извршени во Србија, Црна Гора и во Словенија. “Целиот пазар со кокаин во Италија го снабдуваше “Н’дрангета“. Тоа беше така се до доаѓањето на групата која ја контролираше Дарко Шариќ. За само две години, 2008 и 2009, Шариќ успеа, со подобар квалитет и со пониска цена, да ја потисне “Н’дрангету“ од бизнисот и да го презеде италијанскиот нарко пазар“, објавува “Блиц“ изјава на извор близок на истрагата. Српските власти веруваат дека Дарко Шариќ се крие во Црна Гора, која е негова родна земја.
Извор: Нетпрес www.netpress.com.mk