Старите навики тешко се менуваат

5 октомври, 20100

Линдзи Лохан e повторно видена како се забавува, иако во август оваа година и е изречена пресуда. Само после еден ден откако Линдзи била снимена во трезна состојба, ѕвездата склона кон бурен живот е видена во ноќен клуб во Њујорк, објавува УС Магазин. Таа изјавила дека вечерта на 11 септември не била излезена, но сепак поголем број на сведоци кои биле присутни во ноќниот клуб потврдиле дека ја виделе. Изгледа Лохан се враќа на стариот начин на забава, и покрај тоа што на 24-ти август беше пуштена од невропсихијатриска болница, 22 дена беше на рехабилитација и 14 дена во затвор, поради кршење на условната казна. Пријателите на Лохан биле загрижени поради нејзината рехабилитација и сите контроверзии околу неа, но сметаат дека таа сеуште не научила ништо од своите грешки. И покрај тоа овој период поминала низ многу работи, таа не се сменила ни малку. “Тоа е тажно“, изјавил нејзин пријател за американскиот магазин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi