Тајфунот Меги деенеска ги погоди Филипините, предивикувајќи одрони на земјиште, обилни врнежи од дожд и ветер побрз од 225км/ч. Илјадници жители ги напуштиле своите домови, училиштата во скоро сите области се затворени, а службите за итни случаи се на готовност. Бурата Меги е е најсилната што се има случено во послдените четри години на Филипини. Во 2006 година, слична ваква бура однесе 1000 жртви, тропските циклони формирани на Пацификот или познати како тајфуни, се на иста скала како ураганите на Атланскиот океан. Засега се јавува дека има само едно лице загинато, а се стравува од повеке жртви и за големи штети.