Утринска банана диета

Со помош на едноставната јапонска утринска диета на многу лесен и здрав начин може да се ослободите од вишокот на килограми. Во книгата на Китошија Витанаб, во која се зборува за правилните навики во исхраната, се споменува и оваа утринска диета со банани. Секое утро за доручек се препорачува да се јаде по една банана и да се пие вода. Во текот на денот може да се јаде, нормално, да се внимава на исхраната. Да се избегнуваат слатките, масната и брзата храна. Јадете повеќе овошје и зеленчук, нормално без поголеми ограничувања. Оваа утринска диета со банана, е диета на долги стази. Затоа што не бара многу одрекувања, и резултатите се добиваат многу споро, но се гарантирани и при тоа не го измачувате вашето тело. Напротив, оваа диета има позитивно влијание на вашето здравје, го подобрува метаболизмот, полни сте со енергија, ќе забележите позитивни промени на вашата кожа, коса и нокти.