Ако има било какви сомневања дека Yahoo Јапонија е одделен од Yahoo САД, слободно можат да се отфрлат, бидејќи Yahoo Јапонија потпиша договор за користење на Google пребарувачот наместо Microsoft. Договорот беше објавен во понеделникот и е потврден на блог постот на Google. Даниел Алегре, потпретседател на Google за Азија, Јапонија и Пацификот изјави дека Yahoo Јапонија ќе ги користи резултатите на Google и неговата технологија за обезбедување информации. Овој договор е директен удар за Microsoft, кој со години работи на тоа да се совпадне не само со алатките на Google, туку и со неговиот обем.