Ѕвездата од филмот “Spiderman”, Џејмс Франко потврди дека по пет години врска се разделил од својата девојка Ана Орај.
Парот ја започна врската во 2006 година, а се разделиле поради тоа што Ана не сакала да седи сама дома и да го чека Џејмс да се врати од снимање.
Актерот вели дека главната причина за прекинувањето е тоа што тој повеќе и се посветил на науката и студиите, отколку на наеговата девојка.
Неодамна актерот изјавил: “Во Лос Анџелес живеевме заедно и се беше во ред, тогаш јас отидов на две годишни студии во Њујорк, а потоа продолжив на Јеил…мислам дека она тоа повеќе неможеше да го поднесе”.
Франко додава дека во животот немал многу среќа со девојките, дури ни од раскинувањето на врската не е посебно изненаден. Навикнат е девојките да го оставаат.