“Тајмс“: Шведскиот премиер бил убиен од платеник на Тито

slobodan17 јануари, 20111min00
Prime Minister Olof Palme

Британскиот весник “Тајмс“ ги пренесува најновите докази кои сугерираат дека убиството на некогашниот премиер на Шведска Улоф Палме пред 25 години, е, како што се тврди, “Титова завера“ и дека убиецот бил платеник на југословенската тајна служба. Убиството, кое е извршено во 1986 година во центарот на Стокхолм, ја шокираше Европа. Сега, 25 години подоцна, се појавуваат докази кои би можеле да помогнат во решавањето на мистеријата поврзана со извршувањето на тоа убиство, пренесува Би-Би-Си. Според наводите на истрагата спроведена во Германија, убиецот бил платеник на југословенската тајна служба. Германците веруваат, наведува “Тајмс“, дека Винко Синдичиќ, поранешен платеник кој во 1988 година во Шкотска бил осуден на 15 години затвор за обид за убиство на еден хрватски националист, изнел некои клучни детали поврзани за атентатот на шведскиот премиер. Британскиот весник потсетува и дека Јосип Броз Тито починал во 1980 година, но неговата политика, како што се додава, е продолжена и по смртта на југословенскиот претседател. Шефот на германската тајна служба иако ги видел доказите, сепак не покажал некое интересирање додавајќи дека смртта на шведскиот премиер ќе биде многу тешко да се разреши.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag