Џулиен Мур, избрана за жена на годината

19 јануари, 20110
julianne_moore06.sized

Американската актерка Џулиен Мур е добитничка на наградата “Хасти пудинг” за жена на годината што ја доделува најстарата американска студентска театарска организација од Хардвард, пренесе Би-Би-Си. Во образложението се наведувало дека педесетгодишната актерка која четири пати била номинирана за Оскар, е одбрана како “уметничка од извонреден домен” која со својот професионализам се истакнала не само во блокбастерите, туку и во независните филмови и во театарот. Наградата ќе и била врачена на 27 јануари во Бостон. Минатата година оваа награда ја доби актерката Ен Хетвеј.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *