Припадничките на понежниот пол во „господинот вистински” бараат вработен и самоуверен фамилијарен тип со добра смисла за хумор, со просечна висина и темна коса.
Секоја шеста жена наместо „господинот совршен”, го сака „господинот просечен” кој е самоуверен, фамилијарен, романтичен, има смисла за хумор и не е многу повисок од неа, открива анкетата на компанијата Orangina, направена на 3000 жени. Скоро 80% од жените сакаат маж со темна коса, а само 2 проценти од нив би избрале црвенокос.
Исто така, секоја четврта жена сака маж со висина од 180 сантиметри, а за 23 проценти од жените најважно е тој да е вработен. Понежниот пол преферира мажи од 30 до 45 години, со темна коса, добри готвачи, вработени, но и креативци, како што се музичарите и уметниците.
Се чини дека дечкото од соседството одеднаш стана број 1 на листата на популарност, додека згодниот спортист падна во немилост – истакнува портпаролот на Orangine, Стивен Симспон.
Припадниците на понежниот пол во „господинот вистински”, бараат фамилијарен тип, самодоверба, малку романтика, хумор и просечна висина, додаде тој.