Тешко е да се замислат старлетата Ким Кардашијан и нејзините без шминка, бидејќи тие се постојано нашминката, дури и кога се дома. За оваа навика Ким и нејзините сестри го обвинуваат нивниот покоен татко, кој кога биле мали дури им најмил професионален шминкер за да ги научи како да се шминкаат.
„Мојот татко најми професионален шминкер како подарок за мојот 14 роденден“, вели познатата старлета.
„Беше кул што ние научивме да се шминкаме, но станавме најголеми трансексуалци кога станува згор за шминкањето“, – изјавила Ким во интервју за Радар Онлајн.
„Ние се шегуваме дека изгледаме како трансексуалци затоа што сакаме фризури и шминки. Иако не ни се неопходни, ние уживаме во нив“, вели Клои Кардашијан.
Ги читаме нивните изјави и не знаеме дали тие треба да се навредат што се споредувани со трансексуалци, или пак трансексуалците треба да се навредат што се споредувани со сестрите Кардашијан.