„Љуља или жуља“ – Какви манекенки треба да шетаат по модните писти???

popara19 октомври, 20111min00
slabi

Во макененската професија поимите вишок на килограми или целулит се мисловни именки. Виткоста е секогаш еден од главните критериуми за оваа професија. Но иако се чини дека по модните писти шетаат само „костури“, всушност почнувајќи од Мерлин Монро до Кејт Мос, модните трендови се на страна на девојките со облини.

Трендовите се менуваат и кога е сексипилот во прашање. Вистинскиот одговор на тоа што е модерно секогаш е недефиниран. Дел од филмската индустрија пропагира женственост, дел модната индустрија е отидена во друга насока – коски, ребра и испиен изглед.

Во некоја сезона е популарно “ковчесто” тело, а во друга женствено тело со облини. Има периоди кога подеднакво се прифатени и двата „изгледи“ – во 80-тите години од минатиот век.

Како и да е, топ моделите може да бидат „надарени“ девојки или рамни како даска, бидејќи никој не може да објасни зашто одреден тип на тело е моментално најпопуларен. Така е тоа во модата.

Но, едно е сигурно, единствена работа која не излегува од мода е самодовербата. Ковчести или добро пополнети, ако го негувате своето тело и сакате онакво какво што е, секогаш ќе бидете во тренд и секоја модна сезона ќе пронајдете парчиња кои совршено ке и прилегаат на вашата фигура.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag