„Малата“ на Мистер Бин „главна“ на промоцијата на новиот филм на нејзиниот татко!

popara3 октомври, 20111min00
2

Англискиот актер Рован Аткинсон, попознат како Мистер Бин, го промовираше својот најнов филм, односно продолжението на приказната за тајниот агент Џони Инглиш. Сепак, иако тој требаше да биде ѕвезда на вечерта, сето внимание и припадна на неговата 16 годишна ќерка Лили, која пораснала во вистинска убавица.

На премиерата на најновиот филм на нејзиниот татко, Лили се појави во мини црн фустан и чевли со леопард дизајн, и ги остави сите присутни без здив. Нема сомнение дека Лили личи на својата мајка Сунетра, бидејќи Мистер Бин не е баш познат по неговата убавина.

Младата убавица досега се појавила во два филма, меѓу кои и второто продолжение за Мистер Бин, во кој главна улога има токму нејзиниот татко. Англиските критичари имаат само пофални зборови за оваа дама, за која предвидуваат дека ќе има блескава кариера во шоубизнисот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag