Знаете дека веќе е крај на љубовта, но не знаете како да го „откачите“? Еве ви неколку совети како да и ставите крај на врската со стил:
Комуницирајте: Кажете му како се чувствувате во последно време. Бидете искрени, признајте ги ека вашите вистински чувства. Мажите ја ценат искреноста. Кажете му дека сте загубиле интерес за врската, бидете нежни со со цврст став.
Последната средба: Можеби ќе сакате да го „откачите“ преку телефонот, но секогаш е подобро ако се сретнете лице во лице. Тој може да се лути или да биде тажен, но доколку заслужил фер е да му ја соопштите веста дирекно.
Бидете тука за него: Секогаш е добро, доколку постои простор, да се обидете да бидете пријалети, затоа што можеби некогаш ќе ви затреба. Бидете љубезни кон него и дајте му шанса да останете пријатели, но внимавајте да не му дадете погрешен сигнал.
Нека зборуваат: Можеби ќе ви се лути за вашата одлука, но оставете го да ви каже тоа што сака да ви каже. Секој заслужува да знае каде згрешил.
Преземете ја вината: Ако ви се лути или пак сака уште една шанса, најдоброто нешто што може да направите е да ја превземете вината. Кажете му дека не сте подготвени за сериозна врска, дека не сте компатибилни и дека во моментот имате многу проблеми.
Не одложувајте: Откако ќе го кажете тоа што сте имале намера, најдобро е да си заминете. Колку побрзо, толку подобро, за да избегнете непријатни сцени и потоци на солзи.
Дајте му простор: Откако ќе го „откачите“, не го вознемирувајте со непотребни телефонски повици во стилот на „само да те чујам“. Дајте му простор да ве преболи и да се навикне на новата реалност. Доколку ве гледа или слуша постојано ќе му биде многу потешко.