
Американскиот весник „Морел“ неодамна спровел анкета во која жените одговарале на прашањето дали се спремни да одат „под нож„, за да го подобрат својот изглед.
Резултатите на истражувањето во кое учествувале 1150 жени, покажале дека половина од испитаничките сериозно размислуваат да посетат пластичен хирург заради некаква естетска корекција.
„Резултатите од истражувањето покажуваат загрижувачки тренд, спрема кој младите жени се опседнати со мислата за „совршено„ тело. Девојките сметаат дека естетската хирургија е нормален, прифатлив и пожелен начин за поправање на телесните недостатоци, и на тој начин би биле посреќни личности“ – изјавила уредничката на магазинот Шантел Хортон.
35 проценти од анкетираните изјавиле дека сакаат да одат на пластична операција само заради поголема самодоверба, а најчесто се работи за зголемување на градите 36% и липосукција 34%. Интересен е фактот што третина од испитаничките после пластичната операција не би кажувале на никој дека извршиле некаква корекција на телото и фактот дека 36 % од нив би земале и кредит само направат некаква естетска корекција.