„Плавушите“ се подобри за забава, а бринетите се подобри сопруги :))))

popara16 октомври, 20111min00
plava crna

Последните истражувања покажаа дека бринетите кои ја фарбаат својата коса во посветла нијанса, се чувствуваат посекси и погламурозно, особено ако станат „плавуши“.

Најмногу испитанички одговориле дека со осветлување на бојата на косата се чувствуваат посигурни во себе, но и голем процент одговориле дека сметаат дека имаат повеќе шанси и „отворени“ врати во животот кога станале „плавуши“.

Според резултатите од анкетата во која учествувале 3000 жени, дури 90% од нив одговориле дека имаат предрасуди поврзани со бојата на косата. Според анкетата, 50% од оние бринети кои станале „плавуши“, па повторно се вратиле на темните нијанси, веднаш се покајале.

Истражувањата покажаа дека 38% од жените кои имаат темна коса сметаат дека фризурата им е еднолична, а 30% веруваат дека им се помалку привлечни на мажите отклку „плавушите“.

„Плавушите“ во истражувањето се покажале како многу повесели и спремни на забава отколку бринетите. Сепак, дека стереотипи постојат покажа и фактот дека 10% од бринетите сметаат дека „плавушите“ се „лесни девојки“ и дека никој не ги сфаќа сериозно. За разлика од „плавушите“, бринетите се сметаат себеси за елегантни, интелигентни и софистицирани.

Според добиените резултати, над 50% од жените сметаат дека мажите повеќе сонуваат за „плавуши“, но 80% од нив сметаат дека бринетите се повеќе склони кон верност и се подобри пријатели.

Затоа, ако сакате забава „плавушите“ се вистински избор, но доколку планирате брак одберете бринета 🙂

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag