„Висел“ на ТВ предавател речиси цели 6 дена!

popara18 август, 20111min00
visel

Американецот Вилијам Стардиван (25) им се предаде на властите откако реши да се симне од телевизискиот предавател во Оклахома на кој се наоѓал скоро седум дена. Стардиван имал психички проблеми, на 11 август сакал да побегне од обезбедувањето кое го нашло во околната зграда во градот Тулса. Тој се искачил на предавателот кој бил висок околу 30 метри и на полицијата ѝ рекол дека треба „да размисли за некои работи“, но во текот на преговорите се однесувал сé почудно и почудно.

Облечен само во кратки панталони, спиел на металните решетки од предавателот и од време на време им дофрлувал по нешто на насобраните и на полицијата.

Во текот на шесте дена на престој на предавателот, спасувачката екипа го нудела со храна и вода под услов да се симне, но се разбира дека тој постојано одбивал.

Еден од полициските преговарачи бил искачен со помош на противпожарните возила, обидувајќи се да го убеди Стардиван да слезе, а дури и во еден момент се обидел да го повлече со себе, но безуспешно.

На крајот тој доброволно се симнал од предавателот и веднаш бил префрлен во болница на медицинска нега, бидејќи дехидрирал.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag