Првиот успешен таблет на компанијата Apple, iPad, се појави минатата година, а веќе го промени начинот на размислување кај многу луѓе. Па така ова девојче од една година обичните весници и магазини, какви што ние цел живот ги гледаме во киосците, мисли дека е распиан iPad.
На почетокот на видеото, се слуша веселото гугање на девојчето кога со прстите поминува на екранот, а нејзниот таблет послушно ја следи, испушта звуци и менува слики. Списанието од друга страна и е потполно неинтересен. Прво ќе сака со прстот да ги смени сликите, но кога ќе сфати дека ништо не се менува ја менува страницата и се обидува да дојде до друга слика.
На крај се откажува – списанието е распиан iPad за неа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=aXV-yaFmQNk
Кога ќе и се врати iPad-от во нејзините раце, повторно е задоволна.