10 –те најголеми стории за НЛО

popara7 октомври, 20112min00
806427-ufo

01. The Foo Fighters

Во текот на Втората светска војна, американски, британски, германски и француски борбени пилоти известуваа за големи и долги блескави објекти кои не можеле да се објаснат. Тие се наречени како феномен „ Foo Fighters “. Генезата за самото име е непозната а според некои мислења името потекнува од германскиот збор за оган  „Feuer“.

02. Хопех

Оваа фотографија е направена  во 1942 година, а подоцна е пронајдена во еден фотоалбум. Сопственикот на албумот вели дека фотографијата е откупена од уличен фотограф во Кина. Некои тврдат дека НЛО изгледа како капа или птица а некои велат како летечка чинија.

03. Луѓето во Црно

Во 1947 еден морнар тврди дека видел шест НЛО во форма на крофна, како летаат низ небото над Маури островот во Вашингтон. Еден од тие објекти паднал на палубата и го повредил неговиот син, а го убиле неговото куче. Следното утро, како што вели морнарот, човек облечен во црн костум се појавил на вратата во болницата и упатил закани до неговото семејство, во случај да прозбори на некому за несреќата.

04. Првите летечки чинии

По неколку дена од инцидентот со Луѓето во Црно, Кенет Арнолд извести дека видел девет НЛО како летаат во воздухот близу Мт. Рејнер, Вашингтон. Медиумите го употребија терминот „летечки чинии“, за да ги опишат објектите, но заглавија .. Арнолд застана на страната на својата приказна и стана полу-славна личност во светот на паранормалното.

05. Изчезнувањето на Феликс Монкла

Откако е забележан НЛО над Лејк Супериор во 1953-та, воздухопловниот пилот на единиците на САД, Феликс Монкла во исто време изчезнал со својот авион. Контролата на теренот ги пронашла и Монкла и НЛО-то преку радарот, и сведокот ги потврдил двете сигнализации како „ се спојуваат, а потоа исчезнуваат“.

Во 1968, делови од авионот беа пронајдени во близина на езерото, но не се совпаѓаа со авионот на Монкла.

06. Кецкбург

Во ноќта на 9-ти декември во 1965 година, жителите на Кецкбург, Пенсилванија тврдат дека нешто големо се урнало  во околните шуми – објект во облик на пченка испишан со хиероглифи од двете страни. За брзо време реонот е опколен од војската. Во 2005-та година НАСА се изјаснија дека ова би можело да биде остаток од руски сателит, но сведоците велат дека не се совпаѓа нивната теорија со тоа што тие го виделе.

07. Џими Картер за НЛО

Претседателот Џими Картер опишува како видел светол објект кој ги менувал боите од сина, црвена до бела боја, непосредно пред изчезнувањето во правец кон Лириа, во Грузија, во 1969 година. „ Едно е сигурно, јас повеќе нема да се шегувам со луѓето кои тврдат дека виделе неидентификуван летечки објект на небото“ вели Џими Картер.

„ Доколку бидам избран за претседател на САД“ вели Картер во 1976-та, „ Ќе сторам секоја информација за НЛО да биде достапна за јавноста , истражувачите и научниците“

08. Човекот кој се смее

Иако Насмеаниот човек е првиот забележан по видувањето на НЛО во 1966-та година во Елизабет во Њу Џерси, а потоа се појави низ целата територија на САД  по другите видувања, велејќи им на сведоците дека неговото име е „Индрид Колд“. Сведоците го опишуваат како висок човек, но без нос и уши, туку само очи и голема насмевка.

09. Аеродромот О`Хер

На 7-ми ноември, 2006-та година , ФФА примил дванаесет извештаи дека вработените во О’Хер Чикаго виделе метална чинија како лебди над еден од департманите на аеродромот. Како што велат сведоците диск лебдел две минути на небото, но откако пристигнале истражувачите на терен, тој исчезнал низ облаците. Од ФФА велат дека е можно климатските услови да создале некој трик за очите, но сведоците се уште стојат на своето- дека виделе НЛО.

10. Турција

Ноќен чувар во Турција, кој се вика Јелцин Јалман, сведочел за НЛО додека бил на должност во 2008 година и притоа одлучил истиот да го сними. Тој ги известил Сириус НЛО Центарот за Истражување во Вселената, давајќи им ја снимката во прилог, со времетраење од два и пол часа, и притоа таа да била назначена како „најважната НЛО снимка досега направена“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag