10 лоши навики пред спиење

popara8 декември, 20111min00
get-more-sleep-he393

Најчести грешки кои многумина од нас ги прават пред спиење, и кои не влијаат само на квалитетот и должината на ноќниот одмор , туку влијаат на целокупното здравје, а секако и на убавината. Како да ги избегнеме и да имаме еден добар бјути слип. Добриот сон не влијае само на расположението туку и на изгледот. Само 25 % од Европјаните спијат по 8 часа дневно.

Следи листа на навики кои влијаат на квалитетот на сонот и совети како да ги избегнете истите.

  1. Гледање телевизија –иако не ви се чини дека е лоша навика , гледањето телевизија пред спиење негативно влијае на сонот , а лажното светло од екранот го мами нашиот мозок дека се уште не е време за спиење.Лекарите како единствена добра работа пред спиење препорачуваат секс – тој позитивно влијае на нашата психа и гарантира добар сон.
  2. Постојано гледање на часовникот- проверување уште колку време ви е останато до будење само ја зголемува вашата тегоба. Држете го часовникот подалеку од креветот за да не ве доведе во ситуација постојано да го проверувате.
  3. Долги телефонски разговори- иако вообичаено имате навика да се слушнете со некој од семејството или пријателите , тоа сепак може штетно да делува на вашиот сон. Истражувањата покажале дека на оние кои имаат долги телефонски разговори пред спиење им треба повеќе време да потонат во сон.
  4. Спиење во топла просторија- ако ви е спалната соба премногу загреана нема да бидете одморени наредниот ден. Температурата во спалната би требала да биде помеѓу 15 и 18 степени , а се препорачува 20 минути пред спиење да ја проветрите просторијата.
  5. Оставање запалени светла – се она  што произведува светлост па дури и трепкање од некој апарат може да предизвика пореметување  на мелатонинот , хормон што го лачи нашето тело додека спиеме и кој го подобрува квалитетот на сонот.Лачењето на овој хормон на мозокот му помага да ја одреди промената на ноќ и ден и да го регулира циклусот на будност и спиење. Доказ за ова ви е податокот декапред да биде откриена сијалицата луѓето спиеле во просек по 10 часа дневно.
  6. Конзумирање на кофеин- за кафето ни е познато , ама треба да сме свесни и за чајот и кока-колата како напитоци кои го реметат сонот.
  7. Пиење алкохол- алкохолот го намалува квалитетот на спиењето и иако можеби  полесно ќе заспиете, ќе се будите по неколку пати во текот на ноќта.
  8. Носење тесни пижами – не верувам дека е некој будала да спие во неудобна облека ама сепак да кажеме дека го пореметува лачењето на мелатонин и ја зголемува телесната температура.
  9. Спиење на стомак или настрана – ноќниот сон е најдобар кога спиете на грб, и тоа помеѓу седум и девет часа.
  10. Спиење со шминка –чистењето на лицето е ЗАДОЛЖИТЕЛНО пред да си легнете. Така се спречува зачепување на порите. Ако ве мрзи, ставете во близина на креветот влажни марамици за вадење нашминка  и така ќе го решите овој проблем.

 

И најважно од се што прочитавте а ви е многу познато –пред спиење никако не се бавете со спорт и не легнувајте со полн стомак. Доколку се придржувате на овие совети не само што ќе спиете како бебе туку и ќе го зачувате здравјето и убавината.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag