10 милиони луѓе на Google +

popara15 јули, 20111min00
googleplusnaslovnaa

Извршниот директор на компанијата Google, Лари Пејџ, објави во текот на вчерашниот ден дека бројот на челнови на новата друштвена мрежа ја достигнал цифрата од 10 милиони. “Ова е сјаен успех за нашата компанија и тим“, додал тој.

“Сакавме да направиме производ што секој ќе го користи два пати дневно, исто како четкицата за заби. За Google + мислиме токму на овој начин“, истакнал еден од основачите на Googlе.

Со оваа бројка веќе може да се направат некои статистики, па така сајтот SocialStatistic објавил дека 86,8 % од корисниците на новата социјална мрежа се мажи, додека друг сајт FindPeopleOnPlus, објави дека тој процент изнесува 73,7%.  Во сето ова има една интересна статистика каде 34,09% од мажите изјавиле дека на Google + бараат љубов, додека тоа го напишале 4,96% од жените.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma