10 Модни Трендови Кои се Вечни

popara12 ноември, 20111min00
naslovna

Доаѓаат и се враќаат. 10 модни парчиња кои долго се на сцена и ќе бидат се уште.

Кожна пилот јакна. Дизајнирана за пилотите во Втората Светска Војна, кулминира во 80т, посебно што ја носеле познати трендсетери како Мадона.

Baby-Doll фустан. Појавен во 60ти, реинкарниран во 80ти. Се враќа поради неговата прилагодливост, да го носат од слаби до елегантно пополнети дами.

Штикли на платформа. Како главни адути на диско кралиците во 70те, најмодерни чевли и денес. Лесни за движење а вие дами можете да бидете многу сантиметри повисоки.

Хипи здолниште. Пред се екстра женствен стил создаден во Летото на Љубовта, прифатено од работливите мајки и елегантните дами.

Блуза со јака во форма на вртоврска . Тоа е стил кој од кога е создаден значи секси, женствен стил без да биде провокативен. Тоа мора да потраее низ вековите.

Тесни фармерки. Лесни за било која комбинација и идеални да се истакнат нозете.

Чизми до глужд. Инспирирани уште од 19ти век и тоа од војници. Лесни за носење за секоја жена од секаков калап, со потпетицата плус изгледате повисоки, иделани за сукња и пантолони.

Кожена чанта на патент. Со неа секоја комбинација е ТОП, до денес неизбежен додаток.

Сандали на платформа. Дизајнирани во 1930 од италијанскиот дизајнер Salvatore Ferragamo, кој искористил тапи од вино. Неизбежниот психолошки момент за тоа дека жената со нив е повисока и се истакнува ногата, доволно кажува за нивната присутност низ модните епохи.

Животински принт. Овој принт и дава на жената чуство дека е дива, слободна. Ова сепак е најстар моден тренд, кој потекнува уште од пештерски денови 🙂 Посебен замав има во 50ти и 60ти посебно носејќи го пинап девојките како Bettie Paige.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag