10 најнеобични причини за развод

popara21 септември, 20111min00
brak

Мислите дека вашиот развод бил тежок? Сигурно не сте разговарале со овие брачни парови… Ви ги претставуваме 10-те најнеобични и најбизарни причини за развод, кои ќе ве натераат двапати да размислите дали ќе се ожените/омажите!

  1. Неодамна пишувавме дека една Французинка по разводот успеа да добие 10.000 евра оштета од својот сопруг, кој судот и ги додели како надоместок за емотивниот стрес поради недостаток на секс за време на бракот.
  2. Дали е во ред да го замолите вашиот поранешен брачен другар да Ви ги врати назад сите подароци кои сте му ги дале? Еден хирург од Лос Анџелес е убеден во тоа. Тој на својата поранешна сопруга и го подарил бубрегот додека биле во брак. Откако таа поднела барање за развод, хирургот решил да си го побара бубрегот назад.
  3. Откако се развел од сопругата со која бил во брак 18 години, Моен Шарим сакал да добие точно 50% од нивниот прачен имот. За да го добие она што го сака, тој купил алат и ги повикал своите роднини кои му помогнале да ја исече заедничката куќа на половина. Верувале или не, двајцата поранешни сопружници сеуште живеат заедно, секој во својата половина од куќата.
  4. Една жена, која имала 30 години се омажила за нејзиниот сопруг на кого му кажала дека има само 24 години. После 10 години среќен брак, сопругот дознал за измамата и веднаш побарал развод.
  5. Млад италијанец бил толку неспремен за брак, што на својот меден месец ја повел и својата мајка. Како и секоја приказна за свекрва и снаа, и оваа равршила со кавга помеѓу двете жени, а невестата побарала развод по само 3 недели брак.
  6. Иако се договориле за спогодбен развод, ниту еден од сопружниците не сакал да се отсели од семејната куќа. Судијата, уморен од кавгите и расправиите, наредил куќата да се подели на две идеални половини, а сопружниците без проблем го прифатиле таквиот предлог.
  7. Бидејќи не сакал да дава пари за издржување на дедето, една жена решила да побара развод и судско решение кое ќе го обврзе нејзиниот сопруг да плаќа алиментација. Судот му одредил одредена сума за алиментација која мажот не ја плаќал, па насобраниот долг изнесувал повеќе од 10.000 евра. Бидејќи се правдал дека нема средства за алиментација, судот решил да му помогне да најде пари, па му ја укинал претплатата на кабловска телевизија, интернет, весници и мобилен телефон.
  8. Што би направиле за вашиот миленик, особено ако се работи за птица која зборува и постојано ги повторува зборовите „развод“ и „биди трпелива“? Подобро скријте го ако ја донесете вашата љубовница во вашиот дом. Една жена била шокирана кога го чула својот папагал како вика „развод“ и „биди трпелива“, бидејќи таа никогаш немала таков разговор со својот сопруг. Бидејки се посомневала дека ја изневерува, најмила приватна агенција која го докажала неверството, па потоа во разводот едноставно „му собрала се што има“ на својот поранешен сопруг. Секако, го задржала и папагалот!
  9. Повторно случај на делење на имот со помош на пила. Овојпат станува збор за фарма во САД, која сопружниците со заеднички сили ја исекле на пола веднаш по разводот, па секој останал да си живее со својата половина. Тие еден за друг велат дека се супер соседи.
  10. Една жена поднела барање за развод од својот маж, бидејќи не знаела дека тој цело време носел протеза за неговиот пенис да изгледа поголем. Жената го дознала тоа на потешкиот начин, кога протезата му пукнала за време на сексуалниот чин и веднаш побарала развод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag