10 Најскапи алкохолни пијалоци на светот

popara19 ноември, 20112min00
alc

Многу од нас сакаат да кренат по „добра чашка“. За нас, да кажеме, од средната класа, постои одредена граница во количество на пари кои ќе ги издвоиме за ова задоволство. Меѓутоа пребогатите не прашуваат за тоа. Дали овие пијалоци навистина вредат толку или цената им е крената само затоа што на светот секогаш ќе има будала кој ќе издвои баснословна сума на пари за такво нешто?

10. Шише пиво – 100$

Најјакото пиво на светот „Утопија“ на Сан Адамс, со процент на алкохол од дури 25%, доаѓа пакувано во интересно, ексклузивно шише и во продажба чини околу 100$. Меѓутоа за првото шише пиви „Тутанкамен Але“ платено е дури 7.686$. Пивото е развиено од страна на научник на Универзитетот во ембриџ на основа на рецепт пронајден на египетските хиероглифи, како и талог пронајдени во една од подземните одаи на Тутанкамон. Останатите шишиња освен првото продадени се за 76$ по шише.

9. Бурбон – 350$

Бурбонот „Еван Вилијамс“ стар 23 години, ја достигнал елитата меѓу алкохолните пијалоци продавајќи се за 350$ по шише. Возможно е да се купи единствено во дестилерија каде се произведува.

8. Коњак – 10.000$

Големи дестилерии на коњак се такмичат која ќе произведе супер-ултра-мега-гига ексклузивен коњак. Последниот таков производ доаѓа од дестилеријата Реми Мартин како најексклузивен „Luis XIII“ коњак – „Црн бисер“, а се продава за 10.000$ по шише. За разлика од обичниот Luis XIII, Црниот бисер се добива со мешање на повеќе од 1.200 различни сорти на старост од 40-100 години. Толку е ексклузивен да се продава само преку покани, а невозможно е да се погледне ниту на нивната вњб страна, за тоа потребна е лозинка.

7. Шише шампањац – 14.730$

Шампањац – еден од најексклузивните пијалоци на светот. 2005 година шише шампањац „Метузалема“ од 1990 год. на аукција достигнал цена од 14.730$. „Метузалем“ всушност е џиновско шише во кое собира осум класични шишиња од 0,7 литри, кога ќе се прерачуна дава цена од 1.841$ по шише…

6. Рум – 54.000$

Јамајкански рум по цена од 54.000$? Неодамна се продадени четири шишиња рум од 1940 год, што најверојатно и влијаело на цената да биде толку висока. Навистина не мислевме дека румот е толку во тренд за да достигне толку висока цена.

5. Шкотски виски – 75.000$

Шише шкотски виски „The Macallan“ од 1926 год. продадено е 2005 год. на еден јужно-корејски бизнисмен по цена од дури 75.000$. Како и многу нешта на оваа листа, цената не е висока поради раскошната амбалажа, туку поради она што е во неа. Сакате да го пробате? Останати се уште неколку примероци во казино во Атлантик Сити во САД, а цената на една чашка е 3.300$. Па кој сака нека повели…

4. Шише вино – 160.000$

На аукција на Сотби 1985 год., шише вино „Sate Lafit“ од 1787 год. продадено е за 160.000$. Дури и без пресметување на инфлација, ова и понатаму е најскапото шише вино некогаш продадено. Но зошто толку да се плати за шише кисел вински оцет? Ова шише било во сопственост на Томас Џеферсон, чии иницијали биле изгравирани на самото шише…

3. Шише Ирско виски – 200.000$

Пронајдено 2005 год., ова шише виски потекнува од ирската дестилерија „Nun’s Island“, која згаснала 1908 год. Со години безуспешно се трагало по некој остаток кој ќе потекнува од неа, се додека еден ден во продавница за пијалок не се појавил човек со шише во рака и прашал дали тоа можеби нешто вреди. Вреди и тоа колку – дури 200.000$ према проценките на стручњаците! Меѓутоа, иако веќе две години на аукција, овој редок примерок не го пронашол својот купец, а ако тој се пронајде, ова ќе биде најскапото шише виски некогаш продадено.

2. Шише вотка – 1.000.000+$

Колку треба луѓето да бидат луди да за едно шише алкохолен пијалок издвојат милион долари? Меѓутоа, вотката „Дива“ е навистина специјална. Оваа тројно дестилирана вотка е филтрирана со јаглен. И тоа не каков било. Филтрирана е со парченца дијамант! Меѓутоа, она навистина што ја крева цената е рачно изработеното шише. Внатре во него се наоѓаат драги камења чиј број и врста го одредува купецот во зависност од тоа колку сака да плати за неа…

1. Шише текила – 1.500.000$

Најскапото шише текила некогаш продадено е шишето „Текила Леи“ од 0,925 литри старо шест години 100% дестилирано од билката сина агава. Текилата била пакувана во шише од чиста платина и достигнало цена од 225.000$. Доколку имате „ограничен буџет“ можете да купите ефтина верзија (шишето е направено пола-пола злато и платина) за 150.000$. Истата компанија направила шише од милион евра (1,5 милион долари) од платина и украсено со дијаманти, меѓутоа изгледа дека е ужасно тешко да се продаде, поради тоа и нудат 100.000 евра на оној кој ќе пронајде купец. Доколку се продаде, ова ќе биде најскапо продаденото шише на алкохолен пијалок некогаш во светот. Интересно е што компанијата не прави дискриминација во врска со што се наоѓа во шишето, доколку сакате, можете да ја наполните и со најобичен коњак…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag