10 неверојатни, а сепак вистинити факти за II светска војна

popara8 јули, 20112min00
20499928

1.  Меч на смртта
Фудбалскиот меч помеѓу ФК Стар и ФК Флакелф  требало и на спортско поле да ја докаже ариевската снага. ФК Стар бил тим формиран од фудбалери на Динамо (Киев), а ФК Флакелф  бил тимот на Луфтфаве. Украинските фудбалери биле предупредени дека мора да го изгубат мечот, во спротивно ќе ги изгубат животите. Истиов се одиграл на  9 август 1942 год., а завршил со победа на ФК Стар (5:3), по што германците го исполнале своето ветување.  Веројатно сега ви станува јасно зошто мечот се нарекува упте и „Меч на смртта“.


2. Првиот истрел – го направил Шлезвиг Холстајн ан 1 септември 1939 год во полското пристаниште Данцинг, и тоа всушност со првенствена намера – во чест на погинатите морнари од I светска војна.


3. Horst Wessel Song
Хорст Весел бил еден од првите малди луѓе кои станале членови на Нацистичката партија. Познат е по компонирање на песната „РАзвиј го знамето високо“, која станала и национална химна на нацистичка Германија, која подоцна се нарекувала по неговото име. Хорст иначе го изгубил животот на 23 години, но од рака на макро, љубовник на жена му, инаку поранешна проститутка.


4. Јапонски огнени балони
При крајот на 1944 год, припремени биле 9000 балони од хартија исполнети со експлозив. Јапонците намеравале овие балони да стигнат до САД и да бомбардираат. Пуштени во воздух биле 1000 вакви „бомби“ од кои само 6 погодиле околен терен. Ова е можеби и едниствената „бомбашка“ акција која со право се спомнува со смеење.


5.  Stalag Luft III
Stalag Luft е нацистички воен затворски камп каде биле сместени заробени англиски и американски пилоти, најчесто после пад на нивниот авион. Зошто од сите вакви затворски кампови се спомнува токму овој? Затоа што е снимен и филм за него, базиран на вистинска случка на масовно бегство. Затворениците ископале тунел под кампот и се планирало да избегаат сите 600 пилоти. Сепак, во бегство користејќи го тунелот биле 77 пилоти, а само 3 од нив успешно го завршиле потфатот, додека останатите ден после бегството биле фатени, а 50 од нив подоцна биле и егзекутирани поради обидот за бегство. Филмот спаѓа во класици, снимен е дваесеттина години подоцна, 1963год под наслов „Големото бегство“.


6. Значење на „Третиот Рајх“
Логично,  „трет“ затоа што постоеле  две империи (Reich) предходно.
Првиот Рајх (империја) започнал во 962год., кога со Ото Велики станал император на Светото Римско Царство.
Ото Вон Бизмарк е татко на Вториот Рајх во 1871год после поразот на Франција во француско-пруската војна. Оваа империја завршила во 1918 год со абдицирање на Вилијам II.
Третиот  Рајх, започнал 1933год со прогласување на Хитлер за канцелар на Германија и траел 12 години и четири месеци.


7. Чиста раса
Идејата на Химлер за создавање чиста германса раса, била широкоградо прифатена од останатите нацисти. За таа цел отворени биле неколку „родилни домови“.  Првиот таков дома, отворен 1935 год. бил Стеинхоринг, во близина на Минхен, каде биле забележани 2000 породувања. За останати такви домови нема пронајдени белешки за такви раѓања на деца од „чиста германска раса“.


8. Медицински сестри
Посебно место во оваа рубрика за II Светска војна заземаат жените кои најчесто учествувале во него како медицински сестри. Голем дел од нив предходно и немале некое искуство како медицински сестри, но желбата да помогнат на својата земја ги мотивирало брзо да се снајдат и обучат. Нивната помош била и во самата близина со ранетите на кои им давале поттик за живот. Голем дел од нив се и одликувани, поточно 1679 сестри добиле медал.


9. Визијата на Француско-Британската унија
Две клучни фигури во историјата на човештвото биле идејни творци на оваа унија – Черчил и Де Гол. Оваа унија (сојуз) била особено клучна после капитулацијата на Франција. Меѓу другото, идеја било и секој граѓанин на Британија да стане француски државјанин, и обратно. Во декларацијата децидно стоело: „Франција и Британија нема да се две одделни нации, туку една Франко-Британска“. За жал, предлогот не бил прифатен од францускиот кабинет.


10. Нихау инцидент
После бомбардирањето на Перл Харбур, јапонските пилоти, доколку не можат да стигнат до Јапонија,  биле инструирани да слетаат на островот Нихау, за кој се сметало дека е потполно ненаселен. Идејата била подоцна да бидат спасени од таму. Ова било сосем погрешна информација, како што подоцна пилотот Шигенори Нишикачи открил. Островот бил населен со локални и мирољубиви хавакски индијанци., кои јапонскиот пилот дури го угостиле.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag