10-те најголеми грешки во името на убавината :)))

popara1 ноември, 20111min00
greski

Никој се уште не успеал да пресмета колку време и пари трошат жените за разубавување но затоа пак грешките кои ги прават воопшто не е тешко да бидат забележани.

Ова се најчестите грешки што скоро секоја жена ги прави. Погледнете кои се и потрудете се да ги елиминирате од вашиот живот.

Грешка №1

„Уморна сум, ќе си легнам вака…“

Грешка №2

Целта на ружот е да го освежи лицето и нежно да потенцира одредени делови од лицето. Ако се претера со ружот, сигурно сте виделе вакви случаи, резултатот е смешен и очаен.

Грешка №3

Тешки како камен трепки. Ако нанесете повеќе маскара на трепките се создаваат грутчиња и лошо изгледа, внимавајте и нанесете само онолку колку што е потребно.

Грешка №4

Целото лице свети. Ништо не изгледа полошо од мрсно лице што сјае. За оние со мрсна кожа препорачуваме редовно чистење на лицето и користење на сува козметика и камени пудри.

Грешка №5

Шминката се нанесува со четки и апликатори, а не со прсти. Така ќе сте сигурни дека нема да изгледате како индијанец од племето навахо J

Грешка №6

Во однос на брчките, најважно е старото правило: Подобро да се спречи отколку да се лечи!  Борбата со брчките треба да започне уште на 25 годишна возраст, бидејќи кога брчките ќе станат многу и длабоки речиси ништо не помага освен пластична хирургија.

Грешка №7

“Лице со маска”. Употребата на тонални кремови со цел да придадете тен на вашето лице може да доведе до многу смешна појава наречена “лице со маска”. Ако веќе сте се решиле за ова, намачкајте го не само лицето туку и вратот и деколтето и бојата да биде изедначена.

Грешка №8

Жртвата на солариумот лесно се препознава – таа е како сестра близначка на Донатела Версаче, едно е убав тен, друго е прегорена кожа.

Грешка №9

Цигарите и вертикалните брчки на горната усна на пушачите. Освен брчките кожата на пушачите го губи својот природен сјај и делува свенато и сиво.

Грешка №10

Честото менување на бојата на косата делува негативно на здравјето и убавината на косата.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag