10-те најшокантни моменти од животот на Мајкл Џексон

popara9 јули, 20111min00
mj2

Мајкл Џексон може да се каже дека е уникатна студија во екстремности: непроценлив талент помешан со наежувачка ексцентричност.
Низ целата своја кариера МЈ ги плени луѓето низ целиот свет не само со својата музика, туку и со своето однесување кое стануваше се почудно и почудно како изминуваа годините.
Во чест на легендата која ја изгубивме пред 2 години, во продолжение следуваат 10-те  најшокантни моменти од неговиот живот.
1.Moonwalk (1983)
МЈ дебитираше со овој денс чекор кој понатаму ке стане и негов заштитен знак, за време на песната Billie Jean, во емисијата Motown 25: Yesterday, Today, Forever television special. Таа емисија во далечната 1983 година била гледана од 43 милионска публика која засекогаш ќе го памети ова движење.

http://www.youtube.com/watch?v=UgPKc9FUC6Y&feature=player_embedded
2.Несреќата за време на снимањето на Pepsi реклама (1984)
За време на рекламата  пиротехниката е виновникот за палењето на косата на МЈ. Тој ке биде задржан на болничко лекување, а подоцна тоа ќе биде и причината за неговата зависност од таблети за болка.

3.“Thriller” видео записот (1983)
Кога за првпат ова 13 минутно видео беше емитувано на 2-ри Декември 1983 година, се измени дотогашниот концепт кој важеше за видео запис.Со невидениот концепт, сценарио и костимографија “Thriller” донесе револуција во музичкиот “видео” свет.

4.Обвиненијата за злоставување на деца (1993)
13 годишниот Jordan Chandler го обвини МЈ за детско злоставување за време на неговите посети на ранчот Neverland. За време на целиот процес МЈ изјавува дека е невин, а овој процес завршува со нагодување помеѓу МЈ и семејството на момчето за непозната сума.

5.Бракот со Lisa Marie Presley (1994)
Кралот на поп музиката и ќерката на кралот на рок музиката цели 2 месеци ја кријат својата венчавка во тајност. По нивната изјава за јавноста дека стапиле во брак многу новинари  обвиниле дека тоа е уште еден маркетиншки трик да се скријат дотогашните проблеми со законот на МЈ. Подоцна МЈ и Lisa Marie на доделувањата на MTV Video Music Awards ќе ја изненадат милионската публика со бакнеж во живо.

6.Бракот со  Debbie Rowe (1996)
Јавноста и печатениот медиум беа изненадени од овој брак со  Debbie Rowe, која била негов дерматолог. Тој потоа со оваа жена има 2 деца Prince и Paris Jackson. Шокантното е што подоцна се утврдува дека и двете момчиња немаат афроамериканско потекло, со што се доведува во прашање татковството. МЈ и Debbie Rowe се разведуваат во 1999.

7.Клатењето на неговиот син од балкон (2002)
За време на престојот на МЈ во Hotel Adlon во Берлин, голем број на фанови се собираат пред самиот хотел. МЈ додека ги поздравувал своите фанови од балконот тој несмасно го проклатил својот тукушто роден син Blanket од балконот. Подоцна оваа постапка е осудена од новинарите и јавноста но МЈ поминува неказнет.

http://www.youtube.com/watch?v=Ap8vWkj8UXg&feature=player_embedded

8.Признанието за споделување на креветот со деца (2003)
За време на интервјуто со Британскиот новинар Martin Bashir, МЈ отворено говори за споделувањето на креветот со многуте деца кои претходно го посетиле неговиот дом, тој сето тоа го нарекол “убава работа”.

9.Судската постапка на Државата Калифорнија vs МЈ (2005)
МЈ повторно е обвинет за злоставување на 13 годишно момче, тој за цело време се брани дека невин и дека семејството на момчето сака да изнуди пари од него.Подоцна тој е ослободен од сите обвиненија против него.

10.Неговата смрт (2009)
Можеби и најшокантниот момент за сите е неговата смрт на 25 Јуни 2009 година, МЈ е прогласен за мртов, како резултат на срцев удар. По неколкуте години надвор од центарот на вниманието за време на неговиот камбек обид, веста за неговата смрт ја разбранува јавноста, а и неговото семејство. Светот навистина изгуби една од своите најсјајни ѕвезди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag