10-те најубави цркви во светот – X дел

popara17 август, 20111min00
chapelfront-naslovna

Капелата Thorncrown

Еурека Спрингс, Арканзас

Длабоко во планината Озарк, во близина на населеното место Еурека Спрингс (еден од најопуштените мали градови во Америка, според спроведената анкета од страна на Budget Travel во 2011 година), се наоѓа Капелата Thorncrown. За да стигнете до црквата, можеби малку и ќе се измачите, бидејќи нема лесен и достапен пат, па дури и современите навигациски системи тешко дека ќе ви помогнат. Прекрасната надворешност на црквата е изградена речиси целосно од стакло (425 прозори).

Преку прозорите лесно продира природната светлина, осветлувајќи ја внатрешноста на црквата, притоа давајќи ви чувство дека се наоѓате во шума. Всушност, многумина Црквата Thorncrown ја нарекуваат “во шумата шума“. Во 1980 година црквата била изградена од страна на Frank Lloyd Wright и E. Fay Jones. Jones го нарекол своето дело “Готскиот Озарк“ бидејќи неговиот дизајн се базирал на светлина и на примерот од Капелата Sainte, во Париз. Сепак, тој ја имал Еурека Спрингс во предвид, така што: Jones за изградбата користел парчиња од борови дрвја со големина не поголема од она што може низ шумата да ја носат двајца мажи, со цел да го зачува и прикаже природниот амбиент на црквата.

Како да пристигнете: Капелата Thorncrown е оддалечена околу 1,5 километри западно од Еурека Спрингс. Како што беше и погоре наведено, ниту современите навигациони системи ниту пак Google Maps ќе ви го покажат точниот патот, но на официјалната страна на Капелата Thorncrown има карта. Влезот е бесплатен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag