Капела Saint Michel d’Aiguilhe
Егиј, близу Пиј ан Веле, Франција
Локацијата на оваа црква ќе ви го одземе здивот. За да стигнете до Saint Michel d’Aiguilhe капелата, која се наоѓа на врвот на 85 метри високиот вулкански врв во близина на селото Пуј ан Веке, Егиј, Франција, посетителите мора да искачат 268 камени скали. По малку чудната геолошка формации, всушност, претставува базалт, формиран при стврдунување на лавата од вулкан. Инаку, црквата е изградена во 962 година.
Вреди да се искачите до самиот врв: црквата е изградена во средновековен стил, на нејзината фасада доминира камената ѕидарија, а се забележува и исламското влијание во мозаиците. Исто така, впечатлива е и внатрешноста на црквата – со нејзиниот нерамен под (поради својата карпеста основа), фреските и пештерската – атмосфера. Според една легенда, мајката на Јованка Орлеанка дошла на аџилак во црквата во почетокот на 15 век за да се моли за нејзината ќерка.
Како да стигнете: Пуј ан Веке се наоѓа во југо-централниот дел на Франција или со воз – четири и пол час од Париз. Влезот е 3 € (околу 4,30 $) по лице.