10-те најубави цркви во светот – IX дел

popara16 август, 20111min00
crkva

Црквата Assumption

Бледското езеро, Словенија

Доколку не сте одличен пливач (и не ви пречи ладната вода), ќе треба да изнајмите локално кајче за преку пократкиот премин стигнете до Црквата Assumption која е сместена на островот од бајките во средината на Бледското езеро во Словенија. Првата црква на островот била изграден во 1142 година, иако структурата на која денеска сите се восхитуваат била изградена во 17-от век веднаш после земјотресот што го уништил првобитната градба.

Популарното планинско одморалиште е опкружено со прекрасните Алпи и привлекува голем број на туристи, аристократи како и светски лидери. Според локалната традиција младоженците мора да ги носат своите невести, 98 скали започнувајќи од пристаништето па се до црквата – доколку не успеат, мештаните велат, дека сеуште не се подготвени за брак.

Како да пристигнете: Само еден час возење од главниот град на Словенија, Љубљана, ве дели од Бледското езеро (возењето ќе ве чини 4,80 евра или околу 6,90 долари). Од пристаништето до црквата ве дели половина час возење со кајче, а тоа ќе ве чини околу 17 долари. Влезот во црквата е бесплатен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag