10 восхитувачки фотографии од Google Earth

popara11 септември, 20112min00
Lovers Island is all heart for Valentines

Може да се каже дека Google Earth направи револуција на нашата генерација. Секој со интернет конекција е сега во можност лесно да го прошета светот од удобноста на сопствениот дом. Многу онлајн заедници се формирани со цел да го посветат своето време и енергија во откривање на некои од најпознатите бизарни, единствени и неоткриени места во светот. Не само што нивните откритија на некои прилично кул места кои што никој не би ги пронашол да не беше технологијата на поглед од височина, туку Google Earth им помогна и на научниците, археолозите и на полицијата со својата моќ. Еве 10 неверојатни места најдени на Google Earth…

1. Крвавото езеро во Ирак

Ова црвено езеро во Ирак беше предмет на многубројни гласини. Една од нив е дека било предизвикано од кланица која се наоѓала во негова непосредна близина, а во која се случувало страшно крвопролевање. Официјално објаснување никогаш не било дадено, но скептиците шпекулираат дека причината е канализацијата која  ја загадила водата менувајќи ја нејзината боја.

2. Оваа неверојатна снимка е направена над Алберта, Канада. Сосема јасно се гледа лице во профил, украсено со индијанска шапка. Местото е наречено  “Badlands Guardian” . Некои луѓе велат дека личи како да носи слушалки, но тоа е всушност пат кој води до наоѓалиште на нафта.

3. Остров во вид на срце

Откако беше пронајден, овој остров стана вистински хит за денот на вљубените. Овој остров во вид на срце се наоѓа во Јадранското море, во близина на хрватското крајбрежје. Станува збор за приватен остров со големина од близу 120.000 метри квадратни и не е населен. Сопственикот на островот и не бил свесен за неговата форма, се додека не почнал да добива барања истиот на го изнајмува на романтични двојки кои сакале таму да го поминат денот на вљубените.

4. Изгубениот брод

Боливискиот карго брод кој потона во близина на Судан во 2003 година бил снимен од Google Earth. Оттогаш оваа слика е една од најбараните слики на Google Earth .

5. Свастика

Морнарската база во Сан Диего била изградена уште во 1967 година. Никој до 2007 година кога Google Earth ја направил оваа снимка, не приметил дека четирите неповрзани згради всушност го формираат обликот на свастиката. Ужаснати од ова откритие морнарицата вложила преку 600.000 долари за да се скрие оваа форма.

6. Портретот на Опра

Опра Винфри е една од најбогатите и највлијателни познати личности на земјата. Некој нејзина фан во 2004 година одлучил да и оддаде почит преку дизајнирање на нејзин портрет направен во поле со пченка. Којзнае колку работа имал, но неговото дело останало запечатено на Google Earth.

7. Знакот на Fire Fox  во поле со пченка

Во 2006 година група на Линукс корисници на Државниот Универзитет во Орегон го дизајнираа логото на Firefox во поле со пченка. Огромниот круг е голем над 13.500 метри квадратни и беше создаден по повод одбележувањето на 50  милионитото превзевамње на интернет прелистувачот.

8. Атлантида?

По ова откритие на Google Earth луѓето почнаа да шпекулираат дека се работи за изгубениот град Атлантида. Оваа снимка е направена над Африканскиот брег, а мрежата која се гледа се претпоставува дека се улици. Иако инжењерите на Google Earth ја намалија возбудата кога објавија дека се работи за дигитализирана мрежа создадена како резултат на сонарни бранови, некои луѓе сепак веруваат дека се работи за изгубениот град.

9. Дедо Мраз

Дедо Мраз постои. Се крие во Финска.

10. Борбен авион на паркинг за коли

Што бара овој борбен авион на паркинг за коли во близината на Париз? Некои велат дека се работи за модел на Мираж 200 во кампусот на Универзитетот во Париз, но други тврдат дека се работи за постар модел на Мираж стациониран во близина на компанијата Dassault Système. Вие што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma