44. Spider Man
Претставува измислен лик од стрип, суперхерој кој бил создаден од страна на сценаристот Stan Lee и уметникот Steve Ditko, а го издава издавачката куќа Marvel Comics. За првпат карактерот се појавил во стрипот Amazing Fantasy #15 (август 1962) и со текот на времето станал еден од најпопуларните и најуспешните суперхерои во светот и несомнено најпознат лик од издавачката куќа Marvel Comics.
За разлика од Bucky и Robin, Spajdermen немаше “ментори“ како што се Captain America и Batman и морашњ сам да научи, “дека со големата моќ доаѓа и голема одговорност.”
43. Tom Cruise
Роден на 3 јули 1962 година. Американски актер и филмски продуцент. Магазинот Forbes во 2006 година го прогласи за најславна личност во светот. Номиниран за три Оскари, а има освоено три Златни Глобуси. Во 1983 година ја доби улогата која ја обележа неговата кариера – во филмот “Ризични бизниси“. Со својата одлична глума во успешниот филм “Топ Ган“, Tom го покажа својот вистинки талент.
Улоги во филмовите кои му обележаа кариерата: трилогијата на акционите филмови “Невозможна Мисија“ (1996, 2000 и 2006 година), женомрзечки машки гуру во филмот “Магнолија“ (1999), социопат и платен убиец во крими-трилерот “Колатерал“ (2004).
42. Ronald Reagan
Роден на 6 февруари 1911 година во Илиноис, а починал на 5 јуни 2004 година. Американски политичар,40-от Претседател на САД во периодот од 1981 до 1989 година и 33-от Гувернер на Калифорнија во периодот од 1967 до 1975 година.
Пред да ја започне својата политичка кариера Regan работел како спортски коментатор и актер. Своето прво филмско деби го имал во филмот “Love Is on the Air“ во 1937 година.
Во ’60-те години преминал од Демократската партија во Републиканската и веќе во 1966 година бил избран за Гувернер на Калифорнија. Во 1980 година за време на претседателските избори го победил Jimmy Carter. Кога ја презел функцијата, Regan имал 69 години и станал најстариот Претседател што некогаш бил избран во САД.
Шест години по напуштањето на Белата куќа, во 1994 година, било објавено дека боледува од Алцхајмерова болест.
41. Clint Eastwood
Роден на 31 мај 1930 година. Американски актер, режисер, филмски продуцент и композитор. Познат по своите “мачо“ улоги, меѓу кои најпознати му беа во филмовите “Валканиот Хари“ и “Човекот без име“. Филмови кои ги има режирано: “Непростено“, “Мистична река“и “Девојка од милион долари“.