100 најпознати личности на сите времиња – XXII дел

popara8 септември, 20111min00
naslovna-poznatii

16. Michelangelo

Роден на 7 март 1475 година во Капрезе, Тоскана, а починал на 18 февруари 1564, во Рим. Италијански ренесансен сликар, скулптор, поет и архитект, претставник на Фирентинската школа.

Најпознати скулптури на Michelangelo се: “Давид“, “Мојсеј“, фигурите “Ноќ“, “Ден“, “Зора“ и „Зрак“ во гробницата на Medici.

Најпознати портрети на Michelangelo се: портретите на Lorenzo и Giuliano de’ Medici.

Автор е на позната слика на ѕидот во Сикстинската капела, а како најкарактеристична е олтарната композиција “Страшниот суд“.

Имал голем удел во архитектурата, а неговите творбите се карактеризираат со динамичност и богати детали. Такви се гробниците на Medici во црквата “Сан Лоренцо“, фасадата на црквата и библиотеката “Лауренцијана“, плоштадот “Капитол“ во Рим. Исто така, учествувал во уредувањето на базиликата “Свети Петар“ во Ватикан.

 

Michelangelo

15. Napoleon

Роден на 15 август 1765 година, а починал на 5 мај 1821 година. Генерал во Француската револуција, првиот конзул на Француската Република од 11 ноември 1799 година до 18 мај 1804 година, кралот на Франција и на Италија од 18 мај 1804 година до 6 април 1814 година, а потоа повторно бил именуван од 20 март до 22 јуни 1815.

Napoleon бил роден во Корзика, а се образувал во Франција за артилериски офицер. Во 1799 година Napoleon направил државен удар и самиот се именувал за прв конзул;  пет години подоцна се именувал за цар на Франција. Во текот на првата деценија на 19-от век, влегол во војна со речиси секоја голема европска сила и ја зацврстил својата сила во Европа – негови најпознати борби се: Аустерлиц и Фридланд. Именувал свои блиски соработници и членови на семејството за владетели и министри во сите држави во кои доминирала Франција.

Катастрофалниот пораз на Франција во Русија во 1812 година, претставува пресвртница. Со овој пораз, големата армија никогаш повторно не ја обновила својата сила. Во 1813 година Шестата коалицијата ја поразила француската војска во Лајпциг, и ја зазеле Франција. Napoleon бил принуден да абдицира во април 1814 година, а побегнал на островот Елба. За неполна година, се вратил во Франција и повторно ја презел контролата, но владеел само 100 дена, се до пораз кај Ватерло во јуни 1815 година. Последните шест години од неговиот живот ги поминал на островот Света Елена под надзор на Британската Влада.

 

Napoleon

14. Princess Diana

Родена на 1 јули 1961 година, а почина на 31 август 1997 година. Член на британското кралско семејство, прва сопруга на Charles, принцот од Велс, со кого се омажи на 29 јули 1981 година. Во бракот добија два сина, принцовите William и Harry, кои во моментот се втор односно трет во редот за наследување на кралскиот престол.

Diana потекнува од старо англиско аристократско семејство со благородничко потекло и беше во фокусот на вниманието на светските медиуми од моментот на објавување на свршувачка со принцот Charles, како и за време на бракот кој заврши со развод на 28 август 1996 година.

Diana, почина во сообраќајна несреќа во Париз, заедно со нејзиниот партнер Dodi Al-Fayed и возачот на автомобилот Henri Paul , а единствен преживеан во сообраќајната несреќа беше телохранителот Trevor Rees-Jones.

Во текот на својот живот беше дел од голем број на хуманитарни организации, а од 1989 година таа беше претседател на болницата за деца Ормонд Стрит . Исто така, има добиено признание за нејзината добротворна работа, како и за нејзината поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини.

Princess Diana

13. Isaac Newton

Роден на 4 јануари 1643 година, а починал на 31 март 1727 година во Вулсторп крај Колстерворт, Англија. Англиски физичар, математичар, астроном, филозоф и алхемичар. На 5 јули 1687 година ја објавил Philosophiae Naturalis Principia Mathematica, каде ја опишал универзaлната гравитација и преку неговите закони на движење ја поставил основата на класичната механика. Има огромни заслуги за развојот на диференцијалниот калкулус, заедно со Gottfried Wilhelm Leibniz, иако заедно не работеле на овој проект.

Делото на Newton се врзува со научната револуција и напредокот и прифаќањето на хелиоцентристичката теорија. Исто така е заслужен за математичката формулација на Кеплеровите закони за движењето на планетите. Во текот на своите истражувања покажал дека планетарните орбити не само што се елиптични, туку можат да бидат хиперболични или параболични. Ја изучувал брзината на распростирање на звукот низ воздух и предложил теорија за настанокот на ѕвездите.

Isaac Newton

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag