100 најпознати личности на сите времиња – XXIII дел

popara10 септември, 20112min00
naslovna-poznatii

12. Martin Luther King

Роден на 15 јануари 1929 година, а починал на 4 април 1968 година. Афро-американски баптистички свештеник, борец за граѓански права, добитник на Нобелова награда за мир. Martin претставува еден од најзначајните личности во поновата историја на САД и се смета за еден од највлијателните поборници на ненасилството. Огоромна заслуга има добиено за својата борба за добивање на основните човекови и граѓански права на Афро-Американците, во 1986 година. Во негова чест, беше прогласен државен празник во САД, наречен Ден на Martin Luther King, кој се празнува на третиот понеделник во јануари секоја година.
Martin Luther King

11. Mozart

Роден на 27 јануари 1756 година, а починал на 5 декември 1791 година во Виена. Австриски композитор, автор на повеќе музички дела, еден од најголемите композитори на европска класична музика. Создал неверојатно големо дело на камерни, симфониски, религиозни и оперски дела како и дела за различни соло инструменти, особено за пијано. Иако бил многу малку ценет за време на неговиот животен век, голем број на подоцнежни композитори му оддале почит на Mozart и го ценеле неговото животно дело. Некои го нарекувале чудо од дете.

Неговиот опус опфаќа преку 600 дела од најразлични жанрови:

симфонии — најпознати се Париска, Хафнер, Линц, Прашка, Симфонија бр. 40 и Јупитер;

клавирски концерти — најпознати се бр. 21, бр. 25 и бр. 26;

виолински концерти — најпознати се бр. 3 и бр. 5;

клавирски сонати — најпозна е бр. 11 или Турски марш;

виолински сонати;

гудачки квартети — најпознати се Хајдн квартети;

гудачки квинтети;

серенади — најпозната е Мала ноќна музика;

опери — најпознати се Волшебната флејта, Свадбата на Фигаро и Дон Жуан;

Mozart

10. Christopher Columbus

Роден во 1451 година, а починал на 20 мај 1506 година. Истражувач и адмирал од Џенова, Италија. Неговите четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500] и 1502–1504) го отвориле патот кон Америка за европско истражување и колонизирање.

Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492, иако со патешествието од 1498 година стигнал до северноамериканското копно. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбов ден) се слави во САД и наоколу во светот.

 

Christopher Columbus

9. Walt Disney

Роден на 5 декември 1901 година, а починал на 15 декември 1966 година. Американски филмски продуцент, режисер, сценарист, аниматор, филантропист, повеќекратен добитник на Наградата на академијата. Заедно со својот брат Roy O. Disney ја основале Walt Disney Productions, а Disney стана еден од најпознатите филмски продуценти во светот. Корпорацијата The Walt Disney Company, денес има годишен приход од околу 35 билиони амеркикански долари.

Walt е добитник на дваесет и шест Оскари, вклучувајќи рекордни четири во една година, а педесет и девет пати бил номиниран. Исто така е добитник и на седум Еми награди.

Неговата компанија има создадено голем број на светски славни измислени ликови вклучувајќи го Мики Маус.

Најпознати ликови од дизниевите стрипови и цртани филмови се: Паја Паторот, Пата, Влаја, Раја, Гаја, Баја, Мики Маус, Мини Маус, Белка, Плутон, Шиљо и уште многу други.

На 15 декември 1966 година, Walt почина од рак на белите дробови.

Walt Disney

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma