4. Elvis Presley
Роден на 8 јануари 1935 година, а починал на 16 август 1977 година. Американски пејач кој имал огромен придонес и значајна улога во светската музичка култура, познат како Крал на рокенролот. Неговиот прв сингл за издавачката куќа Sun Records, беше објавен во 1956 година и веднаш стана број еден хит. Тој беше водечка фигура на новиот рокенрол звук, а за многу краток период стана најпопуларен изведувач, но исто така и најконтроверзен.
Филмската кариера ја започна во 1956 година, а најголем број од улогите му беа во музички филмови, но секој од филмовите во кои што глумеше беше именуван според насловните на неговите песни. Во периодот од 1957 до 1966 година, Elvis се наоѓаше на листата на десетте најкомерцијални американски глумци.
Во 1975 година, му се дијагностицирани, дијабетис и гастритис, а започнува да користи и наркотични средства. Во 1977 година, доживеа инфаркт. На 16 август 1977 година, поради преголема количина на дрога, паѓа во кома.
Во текот на својата дваесетгодишна работа, објави вкупно 97 плочи, а на врвот на топ листите беше вкупно 996 недели.
3. Albert Einstein
Роден на 14 март 1879 година, а починал на 18 април 1955 година. Германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масно-енергетска еквиваленција. Во 1921 година, ја доби Нобеловата награда за физика и за неговиот придонес во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.
Во текот на неговиот живот, објави преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Магазинот Times во 1999 го именуваше за “Личност на векот“. Името “Einstein“ претставува синоним на генијалност.
2. Michael Jackson
Роден на 29 август 1958 година, а почина на 25 јуни 2009 година. Американски музичар, танчер пејач-текстописец, познат како Кралот на поп музиката. Има огормен придонес кон музиката, танцот и модата, заедно со приватниот живот пратен од јак публицитет, го направија глобална фигура во популарната култура повеќе од четири децении.
На музичката сцена дебитираше во 1960 година, заедно со неговите браќа, како член на The Jackson 5, а соло кариера започна во 1971 година. Во раните ‘80-ти, Jackson стана доминантна фигура во популарната музика. Музичките спотови за своите песни, вклучувајќи “Beat It”, “Billie Jean” и “Thriller”, се синоним за трансформирање на медиум во уметничка форма и промотивна алатка.
Дел од неговите многубројни достигнувања вклучуваат: 13 Греми награди; 26 Американски Музички Награди; 13 број еден синглови во САД во неговата соло кариера (повеќе од било кој друг машки изведувач во Hot 100), продажба на повеќе од 750 милиони албуми низ целиот свет. Добитник на стотици награди, кои го направија еден од најнаградуваниот музичар во историјата на музиката. Исто така, беше голем хуманитарист и филантроп, донирајќи стотици милиони долари за добротворни цели и поддржувајки повеќе од 39 хуманитарни организации.
Jackson почина на 25 јуни 2009 година, од срцев удар. Според одредени информации, непосредно пред неговата смрт, консумирал дроги, како што се пропофол и лоразепам.
Во март 2010 година, Sony Music Entertainment потпишаа договор за зачувување на правото на дистрибуција на неговите снимки до 2017 година и го издаде постхумниот албум. На 14 декември 2010 година, беше издаден неговиот прв постхумен албум насловен “Michael”.
1. Leonardo Da Vinci
Роден на 5 април 1452 година, а починал на 2 мај 1519 година. Италијански ренесансен архитект, пронаоѓач, инженер, вајар и сликар. Познат по неговите ремек-дела: “Тајната вечера” и “Мона Лиза“, а неговите пронајдоци се користат и до ден денешен во современата технологија. Огормен придонес имал во развојот на анатомијата, астрономијата и инженеринг.
Тој бил фасциниран од тајната на човековата личност и можноста за читање на “душата”, преку изразите на лицето. Портретот на”Мона Лиза” е познат по својот енигматски израз на лицето, а всушност претставува прв психолошки портрет насликан во историјата.
Негови познати слики се: “Мадона со цвеќе“ (1478 – 1480), “Мадона со каранфил“ (1478 – 1481), “Свети Јероним“ (околу 1480), “Музичар“ (1490), “Тајната вечера“ (1498), “Мона Лиза“ (1503 – 1505/1506), “Бахус“ (1515) и уште многу други.
One comment
Ketrin
15 септември, 2011 at 15:18
Џеко е цар….