100-те најпознати личности на сите времиња – XXI дел

popara6 септември, 20111min00
poznati-naslovna

20. Клеопатра

Клеопатра VII Филопатор е родена кон крајот на 69 година п.н.е., а починала на 12 август 30 година п.н.е. Таа била последниот владател припадник на Птоломејската династија од Грчко потекло во Египет, а била воедно и фараон. По нејзината смрт Египет станал римска покраина.

На само 18 години станала владател заедно со братот Птоломеј XIII, кој подоцна ѝ станал маж, според Египетските обичаи.  Својата позиција ја зацврстила со помош на Цезар, на кој му станала љубовница, а нејзиниот маж и брат бил убиен. Со Цезар имале еден син. Подоцна Клеопатра имала три деца и со Марко Антониј, кој бил еден од владателите на Рим. Така успева да ја држи моќта во свои раце. Позната е по својата убавина и освојувањето на срцата на најмоќните мажи во светот, во тоа време.

Клеопатра

19. Бенџамин Френклин

Бенџамин Френклин е роден на 17 јануари 1706 година во Бостон, а починал на 17 април 1970 година во Филаделфија. Тој бил американски државник, филозоф, физичар, музичар, иноватор, економист и писател. Еден од татковците на САД, заедно со Томас Џеферсон ја пишуваат американската „Декларација за независност“.

Од секогаш горд на своите скромни корени, Френклин ја отворил првата библиотека со позајмување во Америка. Како физичар се занимавал со проучување на електрицитетот и го пронашол громобранот. И други изуми му се припишуваат на овој гениј. Воедно се залагал и за укинување на ропството и демократизација на Уставот. Бил и гувернер на Пенсливанија.

Бенџамин Френклин

18. Махатма Ганди

Махатма Ганди е роден на 2 октомври 1869 година во Делхи, а бил убиен од еден хиндуистички фанатик  на 31 јануари 1948 година. Тој е познат индиски национален водач, а воедно и хуманист и политичар кој постојано се борел за помирување и соработка помеѓу Индијците со хиндуистичка и муслиманска вера. Бил вегетаријенец и голем верник.

На почетокот млад адвокат, подоцна Ганди станува таткото на индиската независност и движењето за ненасилен отпор – сатјаграха, филозофија што Махатма Ганди ја применил во борбата против британското владеење во Индија и Јужна Африка, која подоцна ја прифатиле  Нелсон Мендела и Мартин Лутер Кинг.

Махатма Ганди

17. Лудвиг Ван Бетовен

Лудвиг Ван Бетовен е крстен на 17 декември 1770 година во Бон, а починал на 26 март 1827 година. Тој бил германски композитор и пијанист, фугура која е круцијална во преминот од класичната во романтичарската ера во западната класична музика. Останува запаметен како еден од највлијателните композитори на сите времиња.

Уште во раните 20-ти години станува виртуозен пијанист. Иако по 1790 година слухот почнал да не го служи, тој и понатаму продолжил да твори, диригира и изведува, дури и откако комплетно оглувел. Најпознати дела му се третата симфонија „Ероика“ од вкупно деветте, понатаму, операта „Фиделио“, гудачките квартети „Разумовски“, брилијантни дела за пијано, сонати, концерти за виолина и многу други музички дела.

Лудвиг Ван Бетовен
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag