73. Eva Padberg – родена на 27 јануари 1980 година, германски модел, пејачка и актерка. Таа победи на изборот во 1995 година за најдобар модел тинејџер, па од тогаш наваму нејзината кариера како модел се движи во нагорна линија. Работела во Париз, Токио, Нујорк, за многу познати светски дизајнери. Едиторијали има снимано за сите познати машки списаниа, како и оној за Плејбој во 2004 година.
72. Hiromi Oshima – родена на 6 јануари во Токио, Јапонија. Ова е втората јапонка која стана дел од историјата на Плејбој во 2004 година. Таа работи како модел, а има учествувано во неколку реални шоуа.
71. Catalina Otalvaro – родена на 15 декември 1991 година во Колумбија. Иако е млада талентирана и прекрасна, оваа девојка сепак остана да работи како модел во матичната земја. Има настапувано во неколку серии, музички спотови, безброј насловни страници за списаниа.
70. Ewelina Olczak – родена на 24 август 1990 година во Полска. Моделот кој највеќе е познат по нејзиното учество во рекламните кампањи на модните куќи за долен веш и костими за капење. Има работено во Милано, Париз, Барселона, Осло. Се има појавено во многу модни и машки списанија.