13 места каде духовите сеуште “оро” играат :)

popara17 октомври, 20112min00
12

Дали верувате во духови? Ако сте од оние кои додека не видат не веруваат, тогаш погледнете ги овие озогласени места но на сопствен ризик!

“Fall River”, Massachusetts

Се наоѓа само 50 милји јужно од Бостон, оваа куќа е местото каде што се случиле убиствата на Андреј и Ејби Борден во 1892 година. Иако била ослободена од обвинението за убиството на нејзиниот татко и маќеата, Лизи Борден беше глевниот осомничен за грозоморниот чин. Куќата денеска е отворена за посетители, дури можете  да ноќевате таму ако сакате, а за појадок го добивате истото што го јаделе жртвите тоа утро пред нивната смрт.

“The RMS Queen Mary”

Овој масивен брод е укотвен во Лонг Бич, Калифорнија од 1967-та година. За време на Втората светска војна почнува легендата за духот на кралицита Мери, наречен“Grey Ghost”.Можете да направите резервација на една од кабините или пак само вечера на бродот каде главна атракција е духот на кралицата.

“Big Nose Kate Saloon”

“Swamper” е духот кој живее во овој хотел и ако сакате да бидете во негова компанија можете да го посетите овој хотел, да застанете на по една пијачка или да направите резервација за Ноќта на вештерките, кој настан е една од главните понуди на хотелот.

Замокот” Thornewood”, Вашингтон

Во 1908-та година магнатот Честер Торн инвестираше 1.000 000 долари за реновирање на средновековниот замок од 15 век. Ова бил семеен дом за Честер, неговата сопруга Ана и нивната ќерка Анита. Кружат гласини дека Честер толку многу го сакал својот замок што и до ден денес не го напуштил имотот. Имотот денес е отворен за посетители за разгледување како и за ноќевање.

“Куќата на пиратите”, Савана, Грузија

Првично била наменета како ан за морнарите, а потоа е превземена од пиратите како нивна база. Ако сте решиле да ја посетите оваа куќа, тогаш очекувајте друштво додека ја пиете првата рунда рум.

Куќата “Stone”

Многумина веруваат дека капетанот кој го изградил ова место, во 1832-та,  Џон Стоун, сеуште е присутен во куќата, односно неговиот дух. Се наоѓа во центарот на  Ashland, Масачусетс.

Куќата “Whaley”

Се наоѓа во Сан Диего, Калифорнија. Била во сопственост на семејството Вајли, а денес се верува дека духовите на членовиите на ова семејство ја опседнале куќата. Во оваа куќа денес се прават резервации за Ноќта на вештерките, за оние посмелите.

Куќата на Марк Твен

Од 1874-1891, Самуел Клеменс, неговата сопруга, Ливиј, и нивните три девојки живееле во овој дом  во Хартфорд, Конектикат. Многу од делата на Клеменс се напишани токму во оваа куќа. Неговата ќерка Сузи починала во оваа куќа од менингитис и семејството после овој трагичен настан ја напуштиле куќата. Легендата е дека духот на малата Сузи останал во таа куќа засекогаш.

“Copper Queen” хотелот

Се наоѓа во јужна Аризона, познат по тројцата “постојани жители”, рудари. Се организира забава наречена “Лов на духови”, како и забава со маски, па резервирајте ако сакате да го запознаете популарното трио.

“Crescent”  хотелот

Се наоѓа во Еурека Спрингс, Арканзас, на многу живописна местоположба со прекрасни пејсажи. Можете да останете за викенд и да се судрите со “посетителите” кои никогаш не се одјавиле од хотелот.

“Myrtles” плантажите

Изграден во 1796-та година, овој 70-хектари имот во близина на бреговите на реката Мисисипи, е  познат како еден од најпознатите прогонувани домови на Америка. Треба да кажеме повеќе?

Куќата “Winchester Mystery”

Сара Винчестер е визионерот кој го создал ова прекрасно здание со 160 соби, 2000 врати и 10 000 прозорци и премногу пријави за средба со духови од страна на посетителите. Секој петок 13-ти се организира популарната забава наречена “Flashlight”.

“The Spaghetti Warehouse”

Овде се организира ноќна турнеја исполнете со приказните и урбаните легенди за духот што овде пребива, наречен “Хјустон”. Се наоѓа во Тексас.

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag