16 Правила на Француска диета за 15 кг помалку

popara14 август, 20111min00
Francuska dieta

Заводливите и витки французинки чија филозофија е “уживај во животот” значи дека тие јадат со главите а не со стомакот, уживајќи во храна, вино и чоколадо, а притоа да не се дебелеат. Мирел Жуилано, авторка на книгата “Зошто французинките не се дебелеат”, пишува за еден сеопфатен пристап кон животот кој се има развиено во Франција.

Пристапот е содржан во т.н. француска диета, која нуди широк избор на животни стратегии за жените кои сакаат да изгубат до 15 килограми. Крајната цел на планот во четири фази е да се постигне еден вид ” француски ментален зен”, или живот неоптоварен со уживање во вкусна залаци – се додека тоа се само залаци.

Нема забрана – дозволена е и омилената храна, но во мали оброци. Според овој “интелигентен” пристап кон јадењето кое вклучува контролирани количини со што споро и долгорочно би се променил изгледот, се добива ставот “наместо да го јадете она што не ви се допаѓа, јадете го она што го сакате”.

Првата фаза е тринеделен попис на оброци кој служи за самоспознавање. Важно е да се разберат и оценат навиките како и идентификува храната која се јаде премногу.

Втората фаза може да трае од еден до три месеци, а вклучува постепена промена во начинот на исхрана. Ориентацијата е повеќе на квалитетот отколку на квантитетот на храната што се јаде. Во оваа фаза е важно да се јаде разновидно но и поздраво, да се развијат добри навики како што се редовни оброци, пиење вода и опуштено јадење.

Во третата фаза на стабилизација е дозволена сета храна, но во соодветни количини.

Во финалната, четвртата фаза саканата тежина е постигната, и навиките на исхрана се прилагодени на вкусот и барањата на луѓето.

Правила:
1) Избегнувајте крајности како глад и прејадување.
2) Не се оптоварувајте со јадење и диета.
3) Не прескокнувајте оброци и не си скратувајте на храна.
4) Јадете ореви како ужина или иситнете ги врз јадењето.
5) Во денот јадете три оброци кои содржат јаглени хидрати, протеини и масти.
6) Редовни оброци не ги заменувајте со пијалоци како фрапе.
7) Јадете јогурт со активни култури.
8) Не се “товарете” со храната и не си наметнувајте чувство на вина.
9) Уживајте во леб и умерени количини чоколадо.
10) Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук.
11) Уживајте во различни зачини од свежи и сушени растенија.
12) Јадете мали оброци.
13) Ако ја прекршите диетата, вратете се на режимот на исхрана.
14) Физичката активност вклучете ја како составен дел од денот.
15) Уживајте во вашиот оброк, опуштете се и најдете време за јадење.
16) Јадете со задоволство и изберете “добри” наместо “лоши” производи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma