1957 Chevrolet, или ’57 Chevy

popara9 октомври, 20111min00
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

1957 Chevrolet e автомобил произведен во септември, 1956 година, од Chevrolet, а дел од General Motors. Бил достапен во три модели: Bel Air, за високата класа, „two-ten”, за средната класа, и „one-fifty.” Ова било популарен автомобил, кој денес се смета за класика. Подоцнежните модели често биле преправани во почетниот модел. Овој автомобил често бил употребуван во играчки, цртежи, музика, филмови и телевизија. Овој ’57 Chevy, како што е често познат, претставува автомобилска икона.

Овој автомобил достапен во верзии со 2 или 4 врати. Имал менувач со 3 брзини. Моделите за висока класа Bel Air, во одредени делови биле позлатени. Исто така, овој модел, за разлика од другите модели кои користеле мотори со 8 цилиндри, користел мотор со 6 цилиндри наречен Blue Flame Six. Моторот вадел убав и чист звук и трошел помалку гориво од другите модели.

Овој автомобил има победено на неколку NASCAR трки. Иако во годината на неговото производство, и во наредните години, Ford остварил повеќе продажби од овој модел на Chevrolet (се смета дека тоа е поради новите гуми кои Chevrolet ги користел), денес овој модел е многу поскап од моделите на Ford. Eден добро сочуван модел на 57 Chevrolet чини и до 100.000 долари. Меѓутоа оригинален 57 Chevrolet е многу тешко да се најде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag