Џон Мекејн добитник на наградата “UMD за мир”

28 мај, 20110
mccain

Со големо задоволство сакам ве известам дека сенаторот Џон Мекејн од Аризона ќе ја добие престижната “UMD награда за мир”, за време на третата UMD Глобалната конференција, која прославува 20 години од осамостојувањето на Р. Македонија од 23-25 ​​јуни, 2011 во “Мариот”, Вашингтон, САД.

Интернационалната награда “UMD награда за мир” е една од највисоките почести на UMD, а примачот на оваа престижна награда е избран врз основа на неговото влијание, евиденција на јавниот сервис, унапредувањето на универзално прифатените принципи на правдата, мирот, демократијата, индивидуалната слобода и економските можности.

Повеќе од пет децении, Сенаторот Мекејн работел неуморно во континуирана потрага по “доброто” станувајќи еден од најценетите јавни борци за правда. Како водечки член на Конгресот, тој се стекнал со длабоко познавање и разбирање на тоа како да се обезбедат и имплементираат универзално прифатени принципи на слободата, и направил максимални напори да се зајакнат овие принцип, и не само за жителите на Америка, туку за сите луѓе на Земјата.

Македонците отсекогаш го сметале сенаторот Мекејн за вистински пријател на нашата татковина. Откако Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година, тој силно се залагаше за мир и стабилност во Македонија и Југоисточна Европа. Откако Македонија го одобри својот акционен план за пристапување кон НАТО алијансата, тој ја користел секоја прилика – без разлика дали се наоѓа во САД или на настан како Конференцијата за безбедност во Минхен, тој сегде се залагал за Македониа добие полноправно членство во НАТО. Во 2006 година, тој ко-спонзор на “NATO Freedom Consolidation Act” ја поддржал идејата за понатамошно проширување на НАТО и олеснување на прием на Македонија во НАТО.

Биографија

Сенаторот Џон Мекејн е докажан лидер и неговото искуство и посветеност ја отелотворува неговата непоколебливост за вечна борба да му служи на народот. Тој беше кандидат на Републиканците за председател на САД на предсетателските избори во 2008 година.
Џон во 1982 бил избран за член на Претставничкиот дом на САД како претставник од Аризона.Тој ја предводеше борбата за реформи во Вашингтон, за елиминирање на непотребното трошење државни финансии и зајакнување на вооружените сили на САД.

Реформската агенда на сенаторот Мекејн била да ги намали федералните трошоци и да воведе пониски даноци, каде за брзо време во 1986 година бил избран за член на Сенатот на САД , откако отслужил два мандата во U.S. House.
Во Сенатот, тој продолжил да бара од Конгресот да стави крај на “дупките” користени за посебни интереси, и да го поправи скршениот систем во Вашингтон. Во Ноември 2010 година, сенаторот Мекејн беше убедливо реизбран со речиси шеесет проценти од гласовите.

Како син и внук на истакнати адмирали во морнарица, тој имал чест и должност да и служи на нацијата. Џон посетувал Колеџ во United States Naval Academy, а по неговото дипломирање цели 22 години служел како воен пилот.
На 29 Јули 1967 година, Џон го преживеал првото од многуте блиски искуства со смртта. Додека се подготвувал да полета од неговиот брод USS Forrestal во воена мисија врз Северен Виетнам, случајно испукан проектил го погодил резервоарот на неговиот авион, Џон успел да да се извлече во оваа ситуација.

На 26 Октомври 1967 година за време на неговата 23-та борбена мисијата, проектил го погоди неговиот авион
и го принуди да се еџектира од неговиот авион, оставајќи го без свест и со скршеници на рацете и нозете. Џон тогаш бил заробен и престојувал во озлогласениот затвор “Ханој Хилтон”, каде што не добил соодветен медицински третмани, а често бил малтретиран и тепани од страна на Виетнамците. Тој поминал подолг период како воен затвореник.


Кога конечно бил ослободен и вратен дома во својата татковина, Сенаторот Мекејн продолжил да и служи на авијацијата.

Сенаторот Мекејн се повлекол од морнарица во 1981 година. Тој се здобил со големи воени почести и ордени: Сребрена ѕвезда, Бронзена Ѕвезда, Легија на Мерит, Пурпурно срце, и престижниот Летечки крст.

Сенаторот Мекејн во моментов работи како член во Сенатот за вооружени служби, Комисијата за здравство, образование, труд и пензии, Комисијата за домашна безбедност, како и во комисијата за прашањата и правата поврзани со Индијанците во САД.

Сенаторот Мекејн има седум деца и четири внуци, а во моментов живее во Феникс, Аризона со неговата сопруга Синди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi