
1. Менувај го статусот на секој половина час. Повеќето корисници на facebook стихови од песните на Гранд продукција, но ти немој. Биди поразлична! Ти ставај стихови од Голд продукција.
2. Никогаш не одбивај покана од пријатели за учество во било која група. Во групите за културни настани или добротворни цели сама пријави се.
3. Пракај покани за пријателство на сите мажи на facebook, а фали се колку мажите те замараат и бараат да се видите.
4. Обајвувај нови слики еднаш неделно, ако одиш во училиште или факултет, тогаш фотографии од тебе и другарките на часови или предавања, од кафиња со другарките, задолжително! Кога позираш усните напрчи ги обавезно. Следната недела објави фотографии од тебе во твојот дом, на пример оние на кои спиеш со своето куче (ако немаш плишано мече е добра замена), во тоалет додека се шминкаш – тука имаш одлична фотка како се гледаш во огледало. Така секоја недела барај ралични места за сликање само нека бидат тематски, а на албумите имињата нека бидат откачени скроззз.
5. Редовно менувај го својот статус за љубовниот живот. Не, никој за тебе нема да помисли дека си “дроља”, туку едноставно неможеш да ја најдеш љубовта на твојот живот, па затоа брзо ги менуваш. Истото важи и за оние во врска, кога ќе се скарате, објави дека сте прекинале…така можеби дечкото повеќе ќе се загрее за тебе или пак ќе се најде некој да те сослуша и посоветува, ако не друго барем ќе те сожалува.