5 Прашања за сексот што ги мачат мажите

popara6 август, 20111min00
mazite za vreme na seks

Мажите признаваат дека немаат поим за што размислуваат жените за време на сексот, но сакаат да мислат дека се фокусирани на нивните љубовни вештини. Исто така, мислат дека способноста да ја задоволат жената им е вродена. Сепак, постојат прашања што ги мачат и оние најсамоуверените, но не се осмелуваат да прашаат. Затоа момци, внимателно читајте ги одговорите од кои и дамите можат нешто да научат.

1.     Дали навистина е важна големината?

Мажите секогаш ќе си го поставуваат ова прашање, без разлика што жените ги убедуваат дека големината не е пресудна, бидејќи без добра техника, ни најголемиот не може да задаволи. Всушност, за жените сексот може да биде болен ако пенисот е премногу голем, а пак од друга страна, како ќе задоволи премалиот?

2.     Важно ли е времетраењето на сексуалниот однос?

За да не трае прекратко, некогаш мажите користат и мали трикови, па во текот на односот размислуваат за нешто сосема друго. Но тоа може да ви се врати на глава, па сексот да трае предолго, некогаш дури и 45 минути. Должината на односот е важна, а за да биде задоволена и жената, во просек мора да трае 15, 20 минути.

3.     Дали предиграта е преценета или потценета?

Многу од жените сакаат предигра. Но таа не подразбира само бакнување, милување и слично. Како загревање за секс може да се смета и начинот на кој мажот и зборува на жената и времето поминато заедно пред сексот. Но, понекогаш, брзиот спонтан секс како оној на кујнската маса е исто страствен како и сексот со предигра. Главната разлика не е во тоа дека сексот со предигра е подобар, туку е различен.

4.     Дали жената е задоволена ако не доживее оргазам?

Порано можеше да се каже дека жената се чувствува изневерено ако партнерот не и овозможи оргазам. Сепак, тоа е знак дека мажот се грижи за партнерката. Оргазмот на жените им е еднакво важен како и на мажите, единствената разлика е во тоа што тие не чувствуваат болка во пределот на интимните органи ако се возбудат, а не доживеат оргазам.

5.     Дали оралниот секс е подобар од обичниот?

Мажите сакаат кога партнерките ги задоволуваат орално и за тоа многу повеќе разговараат отколку за обичниот секс. Затоа се зачудени кога жената не сака орален секс, дури и кога ним им се овозможува тоа задоволство, а постојат такви жени кои не сакаат. На жените треба да им се даде време сами да одлучат кога е вистинскиот момент за тоа. Во некои случаи, оралниот секс може да се опише како пријател кој ретко излегува, но кога ќе излезе, загарантирана е одлична забава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma