5 совети за подобар одмор

popara2 септември, 20111min00
travel-airplane

Иако летото веќе завршува, многумина ќе го искористат месец септември и ќе заминат на одмор. Затоа решивме да ви дадеме неколку совети, кои може да Ви помогнат да поминете полесен и подобар одмор.

1.       Истражете ја дестинацијата пред да тргнете на пат: Доколку одвоите малку време за да ја истражите дестинацијата која сте ја одбрале за вашиот одмор, ќе си олесните многу работи. Наместо да губите драгоцено време на рецепцијата и да прашувате за упатства како да стигнете на плажа, доколку однапред се подготвите, тоа време ќе го поминете во уживање.

2.       Носете речник со вас: Доколку заминувате во странство, купете си некој џебен речник кој ќе ви помогне да се разберете со локалното население. Дури и ако го зборувате англискиот јазик, овој речник може да се покаже како навистина корисен.

3.       Локацијата каде сте сместени чувајте ја во тајност: Доколку некој странец ве праша за бројот на соба или стан во кој сте сместени, најдобро би било да не му одговорите, бидејќи често крадците се спријателуваат со туристите со цел да дознаат каде се сместени и кога излегуваат, па да испланираат како да Ве ограбат.

4.       Носете лекарства: Иако секаде во светот има аптеки, се препорачува да си понесете основни лекарства, бидејќи самото одење до аптека може да претставува проблем доколку немате автомобил или доколку е доцна.

5.       Посетете некоја знаменитост: Иако одморот служи за пливање, сончање и одмор, одвоете еден ден и посетете некоја знаметитост во местото каде се наоѓате. Ќе бидете изненадени од интересните историски споменици и прекрасни природни убавини за кои не сте ни знаеле дека постојат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag