50 Cent, открива како бил решен да се откаже од алкохолот, откако во пијана состојба доживеал многу непријатно искуство. “Ме фати параноја од алкохолот, а потоа решив целосно да прекинам со пиењето”, изјавил раперот, кој има бурно минато поврзано со дрогата.
Пред тој да стане познат во музичките води, со години бил дилер на дрога. Тој вели дека поради искуството на другите луѓет кои биле блиски со него, тој секогаш останал чист. “Имав шанса да видам како роднините на мајка ми во различни периоди експериментираа со дрогите. Гледав како сите различно реагира на дрогата и тоа ме натера да се оттргнам од неа”, изјавил раперот.